Дејли мејл

Педофилот Епстин го посетувал Клинтон во Белата куќа и со себе носел млади жени

Џефри Епстин ја посетил Белата куќа повеќе од десет пати додека Бил Клинтон беше претседател во првите неколку години од неговиот мандат. Со себе во Белата куќа тој донел неколку жени, меѓу кои и четири за кои се знае дека му биле девојки, пишува британскиот таблоид Дејли мејл со ознаката „ексклузивно“.

Фото: ЕПА

Британскиот таблоид ги поседува записите на посетителите на Белата куќа во тие години, кои потврдуваат дека педофилот милијардер Епстин бил со Клинтон во Белата куќа најмалку 17 пати. Посетите почнале веднаш по инаугурацијата на Клинтон во 1993 година, пишува Дејли мејл.

Записниците откриваат и дека Епстин не бил секогаш сам за време на своите патувања во Белата куќа. Тој со себе носел и жени, поточно осум различни девојки во периодот од 1993 до 1995 година. Објавени се и досега невидени снимки на кои се гледаат врамени слики со Епстин како стои на подиумот на брифинг-салата во Белата куќа, која ја држел во својата канцеларија во вилата во Палм Бич.

Дејли мејл открива и дека Епстин во три наврати го посетил Клинтон во Белата куќа двапати во еден ден. Официјалните причини за посетите на Епстин кај Клинтон не се откриени во евиденцијата на посетители. Сепак, тие покажуваат дека една од посетите се совпаднала со вечера во Сината соба на која присуствувале десетици добро ситуирани луѓе, како и тогашната прва дама, Хилари Клинтон.

Меѓутоа, познато е дека многу од жените што Епстин ги земал со себе на своите патувања во Вашингтон биле во љубовна врска со него. Меѓу нив се Селина Миделфарт, тогаш 21, Ева Андерсон-Дабин, тогаш на 33, Френсис Жардин, за која се веруваше дека тогаш имала 20 години.

На списокот е и неговата поранешна девојка, сега обвинета дека му помагала во сексуалната трговија и злоупотреба, Гислајн Максвел, која тогаш имала 32 години. Четири други жени што исто така се појавуваат во записникот се Џенифер Гарисон, Шели Гафни, Џенифер Драјвер и Љубов Орлова.

Британскиот таблоид не успеал да стигне до четирите жени и да ја потврди целта на нивната посета во Белата куќа, но записите од летот од приватниот авион на Епстин се совпаѓаат со евиденцијата на посетители на Белата куќа, кои велат дека во тој момент тие биле со него.

Максвел, која сега има 60 години, минатиот месец беше прогласена за виновна за врбување и трговија со малолетни девојчиња за педофилскиот милијардер Епстин помеѓу 1994 и 1997 година, а сега служи потврдена затворска казна зад решетки.

Фотографии што откриваат дека Епстин бил со Клинтон

Сликата на Епстин на подиумот во собата за брифинг е откриена во видео направено од полицајци во Палм Бич кога упаднале во неговата вила во 2005 година.

На неa се гледа како Епстин стои покрај бринета. Друга фотографија од истиот подиум, очигледно направена на друг датум, го прикажува како стои со русокоса жена.

Фотографиите се дел од комплет закачен на ѕидовите, на кој има слики од Епстин како се смешка со млади жени облечени во бикини. Плакарот е надвор од бањата на Епстин во главната спална соба што со години ја делел со Максвел.

За време на судењето на Максвел жртвите опишале дека откако ќе влезеле во куќата на Епстин, оделе во бањата и учествувале во сексуални масажи со Епстин на зелена маса за масажа. Масата, која на видеото е прикажана до ѕидот, била запленета за време на рацијата и ѝ била покажана на поротата во судот како доказ.

Поканите за посетите на Епстин во Белата куќа доаѓале од некои од главните советници и помошници на Клинтон, вклучително и еден што подоцна служел како секретар за финансии, според евиденцијата на посетители.

Исто така, записите покажуваат дека при поголем дел од неговите посети тој одел во Западното крило на Белата куќа, што значи дека постоела голема веројатност лично да се среќавал со Клинтон.

Откако Епстин изврши самоубиство во затвор во 2019 година, откако беше уапсен за сексуален напад и сексуална трговија со луѓе, Клинтон тврдеше дека „не знае ништо за ужасните злосторства“ извршени од неговиот пријател.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе