Коалите во Австралија би можеле да изумрат до 2050 година

Зголеменото сечење на шумите за земјоделски земјишта ви можело до 2050 година да предизвика изумирање на коалите во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, предупредија конзерваторите.

Според извештајот на Светскиот фонд за заштита на дивиот свет (ВВФ) и Советот за заштита на природата, научниците користеле сателитски снимки за мерење на стапката на расчистување на шумите за да се измери влијанието врз ранливите и загрозените видови.

„Австралискиот ВВФ проценува дека во сојузната држава Нов Јужен Велс останале помалку од 20 илјади коали и дека со ова темпо би можеле да изумрат до 2050“, изјави конзерваторот на ВВФ Стјуарт Бланш.

„Мора да го сопреме претераното сечење на шумите ако сакаме да ги зачуваме коалите во живот во дивината“, додаде Бланш.

Извештајот е објавен на Светскиот ден на загрозените видови со кој се одбележува смртта на последниот тасманиски тигар во зоолошката градина во Хобарт во 1936 година.

Од владата на Нов Јужен Велс негираат дека расчистувањето на шумите ги загрозува живеалиштата на коалите за кои тврди дека се заштитени. Истакнуваат дека нови истражувања покажале дека бројот на коалите во дивината е многу поголем отколку што порано се мислело.

Австралиската фондација за заштита на коалите проценува дека низ Австралија во дивина останале помалку од 100 илјади коали, а можно е дури и помалку од 50 илјади. Ги загрозуваат губењето на живеалиштата, напади од кучиња, пожари и сообраќајни несреќи.

Коалите се касифицирани како „ранливи“ поради губењето на живеалиштата, меѓутоа Фондацијата смета дека треба да се класифицираат како „критично загрозени“ и наведуваат дека треба да се заштитат поголем број живеалишта.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе