Се фокусира на сопствената заштита

Коалицијата водена од САД ги прекина борбите против ИСИС додека се подготвува за напад од Иран

Американските сили во Ирак и Сирија сега ќе се фокусираат на сопствената заштита.

Коалицијата во Ирак и Сирија предводена од Американците вчера ја прекина својата долгогодишна борба против Исламска држава, додека американските сили се подготвуваат за одмаздата од Иран поради нападот во кој загина моќен ирански командант, соопштија воените власти.

Во соопштението американската команда рече дека по повеќекратните напади врз ирачки и американски бази во последните неколку недели, од кои во оној на 27 декември беше убиен американски изведувач, „ги паузираме овие активности, кои се предмет на постојана процена“.

„Ние остануваме решителни како партнери на владата на Ирак и на ирачкиот народ, кои нè примија во својата земја за да помогнеме во поразот на ИСИС“, се вели во соопштението. Користејќи го арапското име за Исламска држава, се додава: „Остануваме подготвени да ги вратиме нашето целосно внимание и напори кон нашата заедничка цел да обезбедиме траен пораз на Даеш“.

Овој потег доаѓа по минатонеделното убиство на генерал мајорот Касим Сулејмани, ирански командант за безбедност и разузнавање, и Абу Махди ал-Мухандис, моќен командант на ирачките милиции и владин функционер, во американски напад со беспилотни летала пред аеродромот во Багдад. Околу 5.200 војници во Ирак и неколку стотици во Сирија сега се фокусирани на зајакнување на своите позиции, наместо да ги бркаат остатоците од Исламска држава и да ги обучуваат локалните сили.

Она што останува да се види е што точно Иран ќе направи како одмазда за нападот, вели Њујорк тајмс. Последниве денови, десетици илјади проирански борци излегоа на улиците во Багдад, извикувајќи дека „доаѓа одмаздата“ за Соединетите Држави.

И во Сирија и во Ирак, Соединетите Држави одржуваа голем број позиции, бази и аеродроми, сите поврзани со копнени и воздушни транспортни рути, каде што малите контингенти американски војници или ги обучуваат локалните сили или работат заедно со нив во вршењето контратерористички операции против Исламска држава.

Престанокот на тие мисии, за наместо тоа да се фокусираат на безбедноста, најверојатно ќе овозможи остатоците од терористичката група да се преструктурираат во неконтролираните простори каде што цветаат, како што сторија кога Турција ја нападна северна Сирија во октомври. Влошувајќи ја ситуацијата, милициите поддржани од Иран, кои исто така се бореа против Исламска држава, сега го свртеа вниманието кон Соединетите Држави.

„Борбата против ИСИС е значително деградирана поради тензиите меѓу САД и Иран“, рече Мајкл Најтс, виш соработник на Вашингтонскиот институт. Тој го наведе фактот дека американските сили неодамна беа исклучени од копнените операции и им беше затворен воздушниот простор во битката против терористичката група, како резултат на притисокот врз ирачката влада од милициите поддржани од Иран што работат во земјата.

Еден начин на кој американските напори може да бидат уште повеќе деградирани е ако силите за специјални операции ги ограничат своите мисии, рече тој. Американските војници се распоредени во неколку заеднички американски и ирачки бази низ целата земја каде што го одржуваат притисокот врз бунтовничките ќелии на ИСИС.

Американската армија долго време планира да се спротивстави на иранскиот воен упад во регионот, според поранешен висок функционер за одбрана, кој за Њујорк тајмс зборувал под услов на анонимност. Овие планови вклучуваат придвижување на важни американски средства стационирани на Блискиот Исток, како што се воени бродови и авиони, подалеку од можните точки на напад и затворање на помалите, поизложени бази или барем повлекување на американските војници од нив, рече официјалниот претставник.

Во американската амбасада во Багдад, околу 100 маринци што се распоредени таму во последните денови, заедно со околу 3.500 падобранци и единицата за специјални операции испратени во регионот, се подготвуваат за можен напад од силите поддржани од Иран.

Еден воен офицер распореден во регионот рекол дека нападот може да вклучува минофрлачки и ракетен оган, заедно со снајперисти.

Засега, сепак, атмосферата во амбасадата останува релативно мирна, а маринците користеле само несмртоносно оружје, како што е солзавец, за време на демонстрациите во почетокот на оваа недела, додал офицерот.

Ирачкиот парламент вчера гласаше за протерување на американските и другите странски војници од земјата, што дополнително ја комплицира ситуацијата, вели американскиот весник. Се очекува премиерот Адел Абдул Махди да го потпише законот, иако нема рок за повлекувањето.

Иако ирачката влада во декември 2017 година ја прогласи Исламска држава за поразена, а американската коалиција и сириските борци минатиот март ѝ ги одзедоа и последните територии на групата во Сирија, борците на ИСИС продолжија со нападите, иако во многу помал обем, во обете земји.

Во 2014 година, во зенитот на Исламска држава, таа имаше територија приближно голема колку Велика Британија.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе