Клинтон во Приштина: Косово заслужува да биде во ЕУ и НАТО (ФОТО)

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон изјави вчера во Приштина дека чувствува дека е почитуван, дека Косово е пример за демократија и дека заслужува членство во ЕУ и во НАТО.

„Мислам дека целиот свет може да го гледа Косово како пример како растеше и како живее во мир со своите соседи. Косово заслужува да биде во ЕУ и во НАТО. Секогаш ќе бидам горд што бев претседател на САД кога ви беше потребен некој кој ќе стане и ќе каже: Нема повеќе етничко чистење, нема повеќе напуштање на татковината и убивање невини цивили, мора да постои подобар начин“, кажа Клинтон.

Клинтон е на Косово по повод 20-годишнината од влегувањето на НАТО во српската покраина.

Тој вчера се сретна и со претседателот на Косово Хашим Тачи и со премиерот Рамуш Харадинај.

Косовскиот претседател го одликуваше Клинтон со „Орден на слободата“ и кажа дека тој е симбол на довербата, оптимизмот и надежта за сите граѓани на Косово.

Тој истакна дека Клинтон го „обединил светот против неправдата“, дека бил „најупорниот политичар да се обезбеди слободата на Косово“.

„Се поклонуваме со длабока почит пред вас поради слободата на Косово. Им изразуваме голема благодарност на САД кои раководеа со кампањата за сопирање на етничкото чистење и враќањето на косовските граѓани во нивните домови, кампањата за изградба на нов живот и мир за сите“, кажа Тачи.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе