Клинтон до косовските лидери: Беше потребна храброст да го оставите оружјето и да облечете костуми (ФОТО+ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон им се обрати денес на косовските политичари.

Клинтон при обраќањето во Приштина, каде што беа присутни и косовските лидери, истакна дека била потребна храброст да го „спуштат оружјето, да облечат костуми и да стават вратоврски“, но дека сега ќе им биде потребна поинакква храброст.

Поранешниот американски претседател на плоштадот Скендербег, каде што се одбележува 20-годишнината од влегувањето на НАТО на косовската територија, кажа дека пред две децении била потребна голема храброст за „борбата за вашите животи, домови и вашите деца“.

„Тогаш беше потребна поинаква храброст да го спуштите оружјето, да облечете костуми и да ставите вратоврски. Ќе биде потребна сосема поинаква храброст, мудрост и издржливост да замислите и изградите подобро утре“, порача Клинтон.

Бил Клинтон, еден од луѓето кој влијаеше врз одлуката НАТО да интервенира на Косово и Метохија, кажа меѓу другото дека „ја сака таа земја“ и дека за него секогаш ќе биде голема чест што бил со нив „против етничкото чистење и за слободата“.

На одбележувањето во Приштина присуствуваат и поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт и поранешниот командант на НАТО Весли Кларк.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе