Климатски марш одржан во Париз

Неколку илјади луѓе се собраа денес во Париз, барајќи „поамбициозен" закон за климата, откако Долниот дом на парламентот оваа недела го одобри климатскиот закон.

Фото: ЕПА

Активистите го обвинуваат претседателот Емануел Макрон, кој многу гласно ја подржуваше акцијата за климатски промени, дека го „ослабнал" сетот мерки првично предложен од панел од 150 граѓани кои со месеци работеле на ова прашање.

Гринпис Франција го осуди „владиното одбивање да преземе мерки за климата".

Демонстрантите носеле различни транспаренти, а на еден пишувало „Климатски закон - неуспех на петгодишниот мандат“ на францускиот претседател Емануел Макрон.

Предлог-законот, за кој сега ќе се расправа во Сенатот, вклучува забрана на домашни летови под два и пол часа, а кои можат да се изведат со воз и мерки за поддршка на реновирање на згради што трошат многу енергија и да се промовираат зелени автомобили.

Во меѓувреме, францускиот весник Журнал ду диманш во неделата објави дека референдумот за вклучување на потребата за зачувување на животната средина во францускиот Устав, ветен од Макрон, нема да може да се одржи.

Целта на предлог-законот „Клима и прилагодливост“ е да се постигне „намалување на емисиите на стакленички гасови“ за 40 проценти до 2030 година.

Законот треба да ја „воведе екологијата во срцето на францускиот модел“, односно да влезе во сите сфери на јавниот живот – во училиштата, јавните служби, урбанизмот и сообраќајот, изјави претходно владата.

Покрај експерти и политичари, текстот е составен и од граѓани. Група од 150 граѓани била избрана со ждрепка и таа предложила некои од мерките за борбата против климатските промени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе