Климатската конференција на ОН во Мадрид заврши со разочарување и кавга

Конференцијата на Обединетите нации која во Мадрид трае веќе две недели, заврши со усвојување документ во кој едвај со благи зборови се зборува за „итноста“ на посилното дејствување за следната година, кога Парискиот климатски договор влегува во фаза на имплементација, да ги намалиме емисиите на гасови со ефект на стаклена градина.

Лидерите на 196 земји требаше на конференција КОП25 да се договорат за тоа како да ги финансираат посиромашните земји да ја ублажат штетата предизвикана од климатските промени и правилата на пазарот на јаглен, но дел од влијателните земји се се спротивстави на притисокот за поголем ангажман во борбата против глобалното загревање.

На пленарната седница во петокот стана јасно до која мера лидерите се неспособни да постигнат договор имајќи предвид дека барањата значително им се разликуваат, што денес резултираше со разводнет текст на документот кој генералниот секретар на ОН Антониот Гутереш го нарече „разочарувачки“.

Островските држави, кои поради кревањето на нивото на морето би можеле да бидат збришани од лицето на Земјата, ги обвинија богатите земји дека немаат чувство за размерите на кризата. ЕУ во саботата повика на поамбициозен план за климата, кој го поддржаа само Непал, Швајцарија, Уругвај и Маршаловите Острови, додека како главни пречки беа наведени Јапонија, Бразил, Кина, Австралија, Саудиска Арабија и САД.

„Овие разговори покажаа колкав е јазот меѓу светските лидери и научниците кои укажуваат на итноста на решавањето на проблемите на климатските промени и нивните граѓани кои протестираат на улиците“, изјави Хелен Мантфорд, потпретседателка на „Ворлд ризорсис институт“ за клима и економија.

Во конечниот нацрт-документ се признава „значителниот јаз“ меѓу постоечките ветувања и целите од 2015 поврзани со задржувањето на растот на температурата до 1,5 Целзиусови степени до крајот на векот.

„КОП25 го покажа колективниот замор во амбициите на најголемите светски загадувачи кога станува збор за штетните гасови“, изјави Ли Шуо, советник на Гринпис за источна Азија.

Според зборовите на славниот научник Иан Фрај, „негирањето на фактите некои можат да го протолкуваат како злосторство против човештвото“.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе