Кличко: Потребна е нова „железна завеса“ кон Русија

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко бара повторно да се воведе „железна завеса“ кон Русија, и тоа не со нов ѕид, туку со забрана за влез на државјаните на Русија кои сакаат да патуваат на запад.

EPA-EFE

Кличко за германски Билд кажа дека не може да поднесе Русите да уживаат во Европа, на одмор на плажа, додека руските војници убиваат Украинци.

„Неопходно е повторно да се постави „железна завеса“. Русија секој ден покажува дека е земја на диктатура, а над 70 отсто од Русите го поддржуваат Владимир Путин“, кажа тој.

Кличко истакна дека, додека Украинци умираат, Руси уживаат во животот во Европа, и бара воведување санкции за забрана за влез.

Тој кажа дека повеќето Руси, кои ги минуваат летните месеци во Европа, не ги поддржуваат европските вредности.

Полска, Летонија, Финска и Данска веќе бараат забрана за издавање визи за руските државјани, за што ќе се расправа во Европската Унија на крајот на месецот.

Меѓутоа, Германија е остро против таквиот потег.

„Канцеларот Олаф Шолц е против таква генерална забрана“, порача прес-службата на владата и додаде дека има разбирање за актуелната дебата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе