ПО ПОТПИШУВАЊЕТО ДОГОВОР

Кличко исвиркан од толпата на плоштадот во Киев, покренат импичмент за Јанукович (ВИДЕО)

Демонстрантите синоќа го исвиркале лидерот на опозицијата Виталиј Кличко на Плоштадот на независноста кога се обидел да говори за време на комеморацијата за демонстрант убиен за време на неодамнешните судири.

Кличко им се извинил на демонстрантите што се ракувал со претседателот Јанукович.

„Верувајте ми – не уживав во тоа. Ако сум навредил некого, јас се извинувам за тоа, но тоа го сторив за Украина да може да победи. Сè што правам го правам искрено, правам сè што е во моја моќ за да го спречам крвопролевањето, правам сè што можам за оваа банда да си замине“, пренесува Раша тудеј.

Лидерот на екстремно десничарската група Десен сектор, Дмитриј Јарош, им рекол на демонстрантите на Плоштадот дека договорот постигнат меѓу претседателот и опозицијата не е прифатлив. Јарош рекол дека неговата група нема да го положи оружјето сè додека претседателот Виктор Јанукович не поднесе оставка. „Десен сектор нема да го положи оружјето. Десен сектор нема да ги отстрани блокадите на една од владините згради сè додека не се исполни нашиот најважен услов - оставка на Јанукович“.

Кличко и Јанукович при потпишувањето на договорот

Дописникот на Раша тудеј на Твитер напишал дека радикалите поставиле ултиматум: ќе продолжат да беснеат ако Јанукович не се повлече од функцијата до 10 часот денеска.

Видеоснимката снимена од РТ ја прикажува топлата како вика „Слобода за Јулија“ додека парламентарците гласале за ослободување на Јулија Тимошенко.

Украинскиот парламент го разгледува новиот предлог-закон за импичмент на претседателот. Новата иницијатива била предложена од Николај Рудковски, лидерот на Социјалистичката партија на Украина, која е дел од владејачката коалиција. Веднаш откако во парламентот бил даден предлогот за импичмент, претседателот Јанукович заминал за Харков на самит на југоисточните области, јавуваат медиумите.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе