Држава што не граничи со Мексико

„Ќе напаѓа ли Вајоминг?“ Трамп масовно исмеван откако кажа дека ѕидот ќе го гради во Колорадо

„Градиме ѕид во Колорадо. Градиме прекрасен ѕид. Голем ѕид, кој навистина функционира, преку кој не може да се премине, ни од горе ни од долу“, рече вчера американскиот претседател Доналд Трамп во говор во Питсбург.

Краткиот и неточен исказ веднаш предизвика масовна збунетост кај многу политичари и јавни личности, кои посочија дека Колорадо - лоцирано стотици километри северно од Мексико - не е погранична држава.

„Ова е баш незгодно…“, напиша на Твитер гувернерот на Колорадо, демократот Џеред Полис. „Добро што Колорадо сега нуди бесплатна целодневна градинка за нашите деца да можат да ја научат основната географија“.

До крајот на средата, гафот беше главен тренд на Твитер, а реакциите толку се разгореа што дури и Трамп ги забележа, вели Вашингтон пост. Веднаш по полноќ претседателот, во обид да го оправда својот исказ, распали со твит дека го споменал Колорадо „шегувајќи се“ за да укаже дека и неграничните држави може да имаат корист од ѕидот.

Меѓутоа, твитот само поттикна уште повеќе исмејување.

„Твитовите на руските ботови се поразбирливи од овој“, напиша еден корисник на Твитер.

„Хм, Колорадо? Ќе напаѓа ли Вајоминг?“, праша еден твитерџија.

„Ѕидот е за да ги одбиеме Небрасканци или оние досадни луѓе од Вајоминг?“, се праша друг.

„Градиме ѕид во Колорадо? Знае ли Колорадо?“

„Ѕид меѓу Колорадо и... Јута?“....

Наскоро и националните лидери им се придружија на корисниците на социјалните медиуми во исмевањето на претседателот.

Демократскиот сенатор Патрик Џ. Лехи постираше мапа со „исечено“ Њу Мексико, американска држава што го дели Колорадо од Мексико.

Поранешниот гувернер на државата Џон Хикенлупер напиша:

„Ќе му разјасни ли некој од вас на Трамп дека Колорадо граничи со Њу Мексико, а не со Мексико… или треба јас?“

„Колорадо?“, се запраша водител на емисија на Си-ен-ен откако престана да се смее. „А кој ќе плати за тој ѕид?“

Некои укажаа дека гафот на Трамп може да е резултат на незнаење.

„Одделот по географија на Трамповиот универзитет е страшно слабо финансиран“, напиша еден корисник на Твитер.

 

 

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе