„Ќе најдеме нови пријатели“: Ердоган нервозно се нафрли на САД во говорот и статија во американски весник

Вашингтон „ја вознемири“ Турција со својот „унилатерализам и непочитување“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на митингот во саботата. Тој, исто така, напиша во Њујорк тајмс дека Анкара ќе биде принудена да бара „нови пријатели и сојузници“.

Во говорот пред приврзаниците во неговиот роден град Ризе во саботата, Ердоган се обрати на неодамнешната одлука на САД за санкционирање на двајца турски официјални претставници во врска со притворањето на американскиот пастор Ендрју Брансон, кој се наоѓа во Турција од 2016 година, поради тврдењата дека бил поврзан со неуспешниот државен удар во јули истата година.

„Ако САД ни го свртат грбот... бирајќи пастор наместо тоа, извинете... ние го продолжуваме нашиот пат со одлучни чекори“, рече Ердоган, како што цитира Ројтерс. „Овој третман од страна на Америка кон нејзиниот стратешки партнер не нервира, тоа не вознемири“.

Говорот на Ердоган следеше откако Њујорк тајмс објави личен коментар од страна на турскиот претседател, каде што тој изјави дека САД „постојано и доследно не ја разбираат и почитуваат загриженоста на турскиот народ“, додавајќи дека „во последниве години нашето партнерство беше тестирано со несогласувања“.

Тој додаде дека унилатералните одлуки против Турција од страна на САД „ќе послужат само за да ги поткопаат американските интереси и безбедноста“ и рече дека Вашингтон мора „да се откаже од погрешната претпоставка дека нашиот однос може да биде асиметричен и да се помири со фактот дека Турција има алтернативи.“

„Неуспехот да се смени овој тренд на унилатерализам и непочитување ќе бара од нас да почнеме да бараме нови пријатели и сојузници“, рече тој, истакнувајќи дека односот меѓу двете земји-членки на НАТО „може да биде загрозено“, доколку САД не го променат курсот.

Забелешките на Ердоган следат откако провладините турски адвокати поднесоа петиција за американските војници во воздухопловната база Инџирлик да бидат уапсени тврдејќи дека се поврзани со движењето на Ѓулен, за кое Анкара тврди дека стои зад неуспешниот обид за државен удар. Тие, исто така, побарале сите излезни летови од базата на САД да бидат стопирани, а базата да биде претресена.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе