Бајденови пред Белата куќа

Ќе може некој да ни отвори врата ве молам? (ВИДЕО)

Бајденови чекаа неколку непријатни моменти пред затворената врата на Белата куќа кога дојдоа кај својот нов дом, грешка во протоколот што се претвори во мал, но мошне чуден инцидент, вели Њујорк тајмс.

Фото: ЕПА

Тоа беше кулминација на трансферот на власта: претседателот Бајден и првата дама Џил тргнаа кон својот нов дом, се искачија по скалите на Северниот трем, ѝ мавтаа на толпата додека воениот бенд свиреше „Поздрав до врховниот командант“, се свртеа да влезат во Белата куќа и се соочија со затворена врата.

Додека светот гледаше, а остатокот од семејството Бајден се редеше зад нив, претседателот на Америка чекаше пред вратата. Дали претседателот требаше сам да ја отвори големата дрвена врата? Дали поранешниот претседател Доналд Трамп, кој ја напушти Белата куќа неколку часа пред тоа, му ја заклучил?

Набргу вратата се отвори и Бајденови влегоа. Непријатната сцена траеше само неколку секунди, но не помина незабележано во Вашингтон.

„Имаше прекршување на протоколот кога влезната врата не се отвори за првото семејство да влезе преку Северниот трем“, рече Леа Берман, која беше секретарка на Белата куќа за време на администрацијата на Џорџ В. Буш.

„Доцнењето со отворањето на вратата малку ме збуни“, рече Бети Монкман, која веќе 30 години е кустос на Белата куќа и која помага да се пренесат одговорностите од една на друга администрација.

Грешката е мал, но интересен детаљ што го покажува целиот хаос што владееше од денот на изборите до инаугурацијата. Пренесувањето на власта од Трамп во администрацијата на Бајден беше далеку од вообичаено, па и предавањето на Белата куќа на нејзините нови жители не беше исклучок.

Прво, го немаше главниот настојник на Белата куќа да ги пречека Џил и Џо Бајден кога пристигнаа. Иако во моментот не е јасно зошто точно вратата не им беше отворена (неа обично ја отвораат маринци) Трамповиот главен настојник и управник на Белата куќа Тимоти Харлет беше отпуштен пет часа порано.

Харлет на денот на инаугурацијата бил зафатен со пренесување мебел кога во 11:30 часот по локално време му било кажано дека неговите услуги повеќе не се потребни, вели Њујорк тајмс повикувајќи се на свои извори.

Харлет во 2017 година го избра Меланија Трамп за настојник на Белата куќа.

Работата во Белата куќа е добро платена - околу 200.000 долари, но се работи многу и денот е долг, особено ако претседателот е ранобудник или останува буден до доцна во ноќта. Трамп беше обете. Бајден, велат изворите, не е ранобудник.

По денот на изборите, Харлет се најде во незавидна ситуација: мораше да ја подготви Белата куќа за новите станари, иако Трамп одбиваше да го признае поразот. Трамп не ја почитуваше традицијата и не се сретна со Бајден во Белата куќа. Меланија Трамп го копираше својот сопруг и никогаш не ја покани д-р Џил Бајден да ја посети Белата куќа пред вселувањето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе