ЛОНДОН

„Ќе ги убијам сите муслимани“ Со комби удрил во верници, еден мртов

Еден човек загина, а 10 лица се повредени, откако човек со комби влетал во верници кај џамија во северен Лондон.

Комбито удрило во луѓето откако се качило на тротоарот веднаш по полноќ во близина на џамијата Финсбури парк. 48-годишниот напаѓач е уапсен, јави Би-би-си.

Министерката за внатрешни работи Амбер Руд рече дека нападот се третира како „терористички инцидент“.

Очевидецот Абдул Рахман изјави дека возачот рекол дека сака да „ги убие сите муслимани“.

Рахман рекол дека тој го удрил човекот и помогнал да биде совладан.

„Кога човекот излезе од своето комби, сакаше да избега и велеше: 'Сакам да убивам муслимани'. Сакам да убивам муслимани'.“

„Го удрив по стомакот... а потоа јас и другите момци... го легнавме на земја и не можеше да мрдне. Го држевме додека дојде полицијата.“

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе