Според него, првото сценарио опфаќа контрола на Русија врз Донбас, со главниот индустриски и земјоделски регион и копнен појас долж Црното Море.
„Ако инвазијата сопре на моменталните позиции, тоа ќе биде победа (за Русија). Во тој случај, улогата на НАТО нема да биде толку одлучувачка колку што претходно се сметаше“, оцени Кисинџер.
Второто сценарио, според него, е обидот Русија да се „истисне“ од Крим, црноморскиот полуостров кој Русија го припои во 2014, многу пред почетокот на „специјалната воена операција“.
Кисинџер смета дека тоа сценарио ќе доведе до ескалација на конфликтот. Доколку воените дејства продолжат, „ќе се зголеми ризикот Западот самиот да се најде во војна со Русија“, порача тој.
Третото сценарио, според поранешниот американски државен секретар, претставува враќање на состојбата од пред 24 февруари, односно пред почетокот на руската инвазија.
„Нерешените прашања ќе можат да се решат на преговорите. Ситуацијата, веројатно, ќе биде замрзната некое време“, заклучи Кисинџер.
Американскиот дипломат претходно изјави дека Украина треба да ѝ отстапи територија на Русија за да заврши конфликтот.