Кипарскиот сериски убиец на жени и деца доби седум доживотни, плачеше на суд

Кипарскиот Грк, воен капетан, е осуден на седум доживотни казни затвор откако се изјасни за виновен за убиство на пет жени и две деца, во тригодишната серија убиства на женски лица што ги демнел на интернет.

Случајот на најсериозни убиства во мирнодопски период предизвика ужас на островот, каде што тешките злосторства се ретки, а гневот на јавноста поради недоволниот ангажман во истрагата доведе до оставка на министерот за правда.

35-годишниот Никос Метаксас се изјасни виновен по 12 точки поврзани со убиство со предумисла и киднапирање седум лица, кои дошле од Филипините, Романија и од Непал. Двете убиени девојчиња, на шест и осум години, биле ќерки на убиените жени.

Казната што судот ја изрече е најстрогата во историјата на кипарското судство.

Убиецот, облечен во панцирен елек, денеска под силна придружба бил доведен во судницата во главниот град Никозија, доаѓајќи без адвокат.

Тој прснал во плач додека полицијата го читала обвинението.

„Не знам зошто ги направив одвратните злосторства“, рекол тој, изразувајќи им сочувство на семејствата на жртвите.

Никос Метаксас

Метаксас е разведен татко на две деца. Жртвите ги ловел преку интернет. Жените што ги убил работеле како куќни помошнички, а исчезнале помеѓу септември 2016 и август 2018 година.

Полицискиот командант доби отказ, а министерот за правда поднесе оставка по протестите поради невештата истрага, која исчезнувањето на жените не го сфаќала сериозно бидејќи биле странкињи.

Првата жртва на крајот на април ја откри турист што фотографирал рударско окно.

Последната жртва, шестгодишното девојче, беше најдено во езеро на 12 јули.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе