Таканаречените златни пасоши

Кипарската влада почна да отповикува пасоши на оние кои ги добиле со инвестиции

Кипар објави дека ќе ги отповика пасошите на 45 лица кои стекнале државјанство во таа земја во рамки на дискредитираната шема на инвестиции која беше на сила повеќе од деценија.

EPA-EFE

Речиси 7.000 луѓе добиле државјанство во рамки на шемата „пасоши за пари“ која ја заговараше десничарската кипарска влада, а која ја укина во 2020 година откако Ал џезира откри потенцијална корупција во случајот.

Одлуката на кипарската влада да ги повлече пасошите кои ги издала за 39 инвеститори и шест издржувани лица ја следи препораката на комисијата која владата ја формираше во јуни.

„Кабинетот одлучи да истражи уште шест дополнителни случаи и да разгледа уште 47 случаи врз основа на утврдените процедури“, соопшти портпаролот на кипарската влада Мариос Пелеканос.

Не именуваше ниедно лице на кое му е повлечен пасошот.

Кипарскиот пасош гарантира безвизни патувања, работа и право на престој во 27-те членки на Европската Унија. Шемата е популарна кај богаташите од Русија и Азија.

Според шемата, властите им одобруваа пасоши на поднесувачите на барања кои го исполнуваа условот за минимална инвестиција од два милиони евра.

Комисијата која ја формираше влада, на чело со поранешниот претседател на врховниот суд, соопшти дека шемата повеќе од една деценија се спроведувала без соодветен надзор, проверка и рамнотежа.

Заклучено е дека повеќе од 53 отсто од луѓето противзаконски добиле државјанство преку таа шема.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе