Кипар: Министерот за правда поднесе оставка поради случајот со серискиот убиец

Кипарскиот министер за правда, Јонас Николау, поднесе оставка поради случајот со серискиот убиец што го шокираше островот, по извештајот за пропустите во истрагата.

Николау рече дека поднесува оставка поради тоа што станува збор за совест и принципи, наведувајќи дека не бил лично вклучен во истрагата за случајот. Тој рече дека не е одговорен за можните пропусти на полицијата во првичниот одговор на пријавите за исчезнати лица.

Министерот рече дека клучната причина што довела до негова оставка, која е прифатена од кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, е тоа што тие пропусти во истрагата не се однесуваат само на полицијата, туку и на ставовите и перцепциите на општеството што никому не одат на чест.

Се верува дека ова се првите сериски убиства во Кипар, во кои капетан на кипарската армија призна дека убил седум жени и едно девојче, од странство.

Полицијата минатата недела објави дека осомничениот 35-годишен офицер на кипарската војска со жените стапувал во контакт преку веб-страници за контакти. Кипарските медиуми го идентификуваа како Никос Метаксас.

Досега се најдени четири тела.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе