Готова до следната недела

Кинезите забрзано градат болница со 1000 кревети за заболените од коронавирусот (ФОТО+ВИДЕО)

Во кинескиот Вухан е започната изградба на нова болница со 1000 кревети за лекување на жртвите од коронавирусот, мобилизирајќи машинерија за изградбата да заврши до следната недела, соопштија државните медиуми.

Од вирусот починаа 25 луѓе во Кина и се заразени повеќе од 800, соопшти денес владата, додека Светската здравствена организација го прогласи за вонредна состојба само за Кина, а не прогласи епидемија на меѓународно ниво.

Повеќето од случаите се локализирани во централниот кинески град Вухан, од каде се верува дека потекнува вирусот од крајот на минатата година.

Новата болница се гради околу комплекс за одмор првично наменет за локалните работници, се наоѓа покрај езеро на периферијата на градот, објави денес официјалниот Чанџијанг Дејли. Ќе бидат поставени монтажни објекти кои ќе имаат 1.000 кревети.

Градежни машини, вклучително и 35 багери и 10 булдожери, пристигнаа на локацијата во четврток вечер, со цел да се подготви новиот објект до понеделник, додава весникот.

„Изградбата на овој проект е да се реши недостигот на постојните медицински ресурси“, се вели во извештајот. „Бидејќи се работи за монтажни објекти, не само што ќе се изгради брзо, туку и нема да чини многу“.

Кинескиот државен градежен инженеринг, една од компаниите што ја гради болницата, во петокот рече дека „прави сè што може и дека ќе ги надмине тешкотиите“ во завршувањето на својата улога, додавајќи дека има повеќе од 100 работници на локацијата.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе