Кинезите за десетина дена завршија и втора болница за пациенти заболени од коронавирус (ВИДЕО)

Во Вухан денес е завршена изградбата на втората болница за лица заразени од коронавирус. Според кинеските медиуми, болницата веќе денес започнува со работа.

Изградбата на болницата од темели е започната пред околу десетина дена.

„Денес официјално е отворена болницата Лејшеншан, уште еден ново изграден објект специјално наменет за лекување на пациенти заразени со корнавирус. Во неа има 1.600 кревети и околу 2.000 лица медицински персонал ќе се бори против болеста“, објави на Твитер кинескиот државен медиум Глобал Тајмс.

Пред една недела, во близина на градот Вухан е отворена првата кинеска болница за пациенти заразени од коронавирус. Работници и волонтери два дена работеа за празната зграда да ја уредат во здравствена установа со 1.000 кревети.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе