Кинезите претставија летачко такси (ВИДЕО)

Кинеската техно-компанија „ЕХанг инк“ минатиот вторник го претстави првиот дрон во светот способен за превоз на патници.

Такси-дронот наречен Еханг 184 го доживеа своето деби во кинескиот град Гуанчжоу во јужниот дел на Кина. Тој е управуван од автоматски систем за летање, така што патниците не мора да знаат да управуваат со ова минијатурно летало, јавува Еуроњуз. Сепак, патниците што имаат искуство во пилотирање треба да можат да летаат и рачно.

„Ниту едно од традиционалните летачки возила не може да ја постигне целта на целосно независен лет, па затоа сè уште се далеку од обичните луѓе. Но нашиот денешен успешен лет покажува дека сцените што сме ги гледале само во научнофантастични филмови сега се многу блиску до обичните луѓе“, изјави директорот на ЕХанг, Ху Хуажи.

Повеќе од 150 инженери извршиле илјадници часови тест-летови, вклучувајќи и тест на вертикално искачување, тест со товар до 230 кг и тест со голема брзина, и до 130 километри на час, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Последниот тест со човечки патници е само последен во низата.

Дронот е едносед и може да пренесе еден патник со тежина до 100 кг во лет долг 23 минути, според компанијата. „Дронот може да им помогне на луѓето да го избегнат сообраќајниот метеж на земјата, но исто така и за други цели, секогаш може да замислиме итни случаи на спасување или може да пренесеме пациенти во болница, или може да го користиме за туризам, знаете, да лета од еден на друг остров“, вели коосновачот на ЕХанг, Дерик Сион.

ЕХанг лани постигна договор со Дубаи за соработка во развојот на летачки такси-возила што летаат сами.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе