Кинезите објавија симулација на бомбардирање на американски Гуам (ВИДЕО)

Тајван го стави своето воено воздухопловство во состојба на готовност, додека 18 кинески борбени авиони летале во близина на островот и ја поминале чувствителната централна линија на Тајванскиот теснец, во ескалација на тензиите поради посетата на висок американски функционер на Тајпеј.

EPA-EFE

Американскиот заменик секретар за економски прашања Кит Крач пристигна во четвртокот во Тајпеј, во тридневна посета. Станува збор за посета на највисокорангираниот американски функционер на Тајпеј во четири децении. Кина кажа дека тоа бара „неопходен одговор“.

Пекинг со загриженост ги гледа сѐ поблиските односи на Тајпеј и Вашингтон и ги засили своите воени вежби во близина на островот, вклучувајќи ги тридневните воздушни и поморски вежби минатата недела.

Со претстојните американски претседателски избори во ноември, односите на Америка и Кина ги нарушуваат трговската војна и пандемијата на коронавирусот.

Кина објави видео-симулација од воздушен напад врз американскиот стратегиски остров Гуам.

Тајван објави дека 18 кинески авиони во петокот учествувале во борбените вежби, повеќе отколку што било најавени.

„Два бомбардери Х-6, осум ловци Ј-16, четири Ј-10 и четири Ј-11 ја поминаа централната линија на Тајванскиот теснец и влегоа во тајванскиот воздушен простор“, соопшти тајванското министерство за одбрана на Твитер.

„РОФАЦ (тајванските воздухопловни сили) активираше ловци и го размести системот за воздушна одбрана за следење на активностите“, објави тајванската војска.

Тајванскиот весник Либерти тајмс објави дека тајванските воздухопловни сили извршиле 17 летови на борбени авиони во петокот наутро, предупредувајќи ги кинеските авиони да не се приближуваат.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана Рен Гуочијанг кажа во Пекинг дека вежбите во петокот, за кои не откри детали, се одвивале со учество на источната команда на Народноослободителната армија.

„Тоа се разумни, потребни акции, насочени на актуелната ситуација во Тајванскиот теснец и заштитата на националната безбедност и територијалниот интегритет“, кажа Рен.

Обидот за „користење на Тајван за контрола на Кина“ беше залуден. „Оние кои си играат со оган ќе се изгорат“, додаде Рен.

Претседателскиот кабинет на Тајван ја повика Кина да остане воздржана и Тајванците да не се вознемируваат. Наведоа дека војската ја контролира ситуацијата. САД, како повеќето земји, има официјални односи само со Кина, не и со Тајван, иако Вашингтон е главниот снабдувач со оружје на одметнатиот остров и му пружа најголема меѓународна поддршка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе