Кинезите јадат лилјаци и змии. Дали така започна смртоносниот вирус? (ВИДЕО)

Додека во Кина забрзано расте бројот на заразени и починати од новиот смртоносен коронавирус, научниците се обидуваат да утврдат како точно вирусот преминал од животно на човек.

Кинеските власти и претходно се сомневаа на локалниот пазар за морска храна, добиток и диви животни во мултимилионскиот град Вухан како извор на заразата. Иако ова бил оригиналниот начин на пренос, потврдено е дека вирусот сега директно се пренесува од човек на човек.

Гао Фу, директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести и член на Кинеската академија на науките, за новинарите изјави дека се претпоставува дека вирусот потекнува од пазарот во Вухан, централна Кина, од каде што мутирал и станал пренослив од човек на човек.

„Од досегашните информации, изворот на вирусот е диво животно продадено на пазарот за морска храна“, рече Гао. „Вирусот на дивите животни постепено мутира“, рече тој.

И според новите научни анализи, змиските видови кинески или тајвански краит и кинеската кобра би можеле да бидат оригиналниот извор на коронавирус, според Сајантифик Американ, Си-ен-ен и другите медиуми.

Имено, научниците во Кина успеале да го утврдат точниот генетски код на вирусот, по што користеле микроскопи за да го фотографираат.

Лидерот на истражувањето Ви Џи и колегите од Универзитетот во Пекинг го споредиле геномот со пет примероци на новиот вирус со слични вируси од низа животински видови. Откриле дека вирусот е сличен на оној пронајден кај лилјаците, но дека сепак е најсличен на оној најден кај змиите.

„Резултатите извлечени од нашата анализа на секвенци прв пат посочуваат дека змија е најверојатниот животински резервоар (на вируси)“, напишале овие научници во својот извештај.

Змиите, според оваа теорија, можеле да се заразат со вирусот од лилјак, кои исто така се продаваат на пазарот во Вухан, сега затворен, и на многу слични „мокри пазари“ низ оваа многубројно населена земја.

Покрај змии и лилјаци, на вакви пазари може да се најдат птици, зајаци, влекачи, стаорци, лисици, камили, дури и мајмуни, како и обичен добиток, живина и морски плодови.

Во некои делови на Кина, и покрај официјалните забрани, некои животни, како мајмуни, младенчиња на глувци и магариња, се јадат додека се живи, бидејќи во традиционалната кинеска медицина суровото месо на живите животни се смета за особено здраво.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи и некои медиуми се појавија некои помалку и вознемирувачки снимки од супа од лилјак предизвикувајќи шпекулации дека овој кинески „деликатес“ може да биде изворот на опасната зараза.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе