Кинезите го премостуваат Панамскиот канал, го градат најголемиот мост во историјата на Панама (ВИДЕО)

Панамската влада му додели проект вреден 1,4 милијарди долари за изградба на мост преку Панамскиот канал на кинески конзорциум.

И тоа само еден ден по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на таа централноамериканска земја. Кинескиот претседател допатува во Панама како дел од обидите на Пекинг да го прошири политичкото и економско влијание во Јужна Америка.

„Панама бележи напредок во односите со Кина и овој проект, чија изградба почнува денес, недвосмислено е дел од таа порака и довербата меѓу двете земји“, изјави панамскиот претседател Хуан Карлос Варела. Изградбата на мостот ќе биде еден од најголемите градежни проекти во историјата на Панама, додаде тој.

Конзорциумот Панама куарто пуенте го сочинуваат Чајна комјуникејшн констракшн компани (ЦЦЦЦ) и нејзината компанија Чајна харбор енџениринг компани (ЦХЕЦ), а доверен им е проектот за проектирање и изградба на мост преку Панамскиот канал.

Инаку, истиот кинески конзорциум гради и трет мост преку панамскиот канал (Атлантскиот мост, долг 2.820 метри), чие завршување се очекува следната година.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе