Додека продолжуваат тензиите во Тајван

Кинеските државни медиуми ѝ се заканија на Австралија: „Бидете спремни да се жртвувате“

Австралија е предупредена дека може да претрпи „тежок напад“ и подобро е „да биде подготвена да се жртвува“.

Фото: ЕПА

Шефот на кинескиот весник „Глобал тајмс“ отворено ѝ се закани на Австралија, велејќи дека неизбежно ќе претрпи „тежок напад“ доколку австралиските сили дојдат во одбрана на Тајван.

Глобал тајмс, државен таблоид, го објавува гласилото на кинеската комунистичка партија, Народен весник. Ху Сиџин е негов главен уредник.

„Ако австралиските трупи дојдат да се борат во Тајванскиот теснец, незамисливо е Кина да не изврши тежок напад врз нив и врз австралиските воени објекти што ги поддржуваат“, напиша тој на социјалните мрежи во саботата вечерта.

„Значи, подобро Австралија да биде подготвена да се жртвува за островот Тајван и САД.“

Пораката ја заврши со весело емоџи со кренат палец.

Се чини дека злокобното предупредување е одговор на забелешките што министерот за одбрана Питер Датон ги даде во петокот во интервју за Аустралиан, дека Кина била „многу јасна“ во нејзината намера „да влезе во Тајван“, велат австралиските медиуми.

Тој не рече директно дека Австралија ќе го брани островот од кинески напад, но јасно навести дека ќе им помогне на Соединетите Држави во една таква акција.

„Кина е економска и воена суперсила“, рече тој. „Тие трошат 10 пати годишно повеќе од она што ние го трошиме за нашиот буџет за одбрана, а на секои 18 месеци тие произведуваат, по стапка на тонажа, далеку повеќе воени средства отколку што целата Кралска морнарица има во својата флота.“

„Значи, помислата дека можеме да се натпреваруваме со Кина е секако глупост. Тоа не е прашањето пред нас. Прашањето е дали ќе се придружиме со САД?“

„Би било незамисливо да не ги поддржиме САД во акција доколку САД одлучат да ја преземат таа акција. И повторно, мислам дека треба да бидеме многу искрени во врска со тоа, да ги разгледаме сите факти и околности без претходно да се обврземе, а можеби има околности каде што не би ја прифатиле таа опција. Не можам да ги замислам тие околности“.

Кина го смета Тајван за своја отцепена провинција и вети дека ќе го „обедини“ со копнениот дел. Демократски избраните лидери на територијата велат дека тоа е суверена држава. Никогаш не била управувана од комунистичка Кина, а во суштина е независна веќе 60 години.

Во обраќањето до Националниот прес-клуб во средата, поранешниот премиер Пол Китинг рече дека Тајван „не е витален австралиски интерес“ и дека треба да избегнува да биде вовлечена во конфликт околу островот.

„Ние немаме сојуз со Тајпеј, никаков. Нема ниту едно парче хартија во Канбера што има сојуз со Тајпеј“, рече Китинг.

„Не ја признаваме како суверена држава.“

Тој рече дека Тајван е „фундаментално граѓанска работа“ за Кина.

Ова предизвика формален одговор од Министерството за надворешни работи на Тајван, чија портпаролка за Гардијан изјави дека активностите на Кина нема да влијаат само на Тајпеј.

„Кризата во Тајванскиот теснец во никој случај не е домашна работа меѓу Кинезите, а од безбедноста на Тајванскиот теснец зависат стабилноста и просперитетот на индопацифичкиот регион, но и глобалниот мир и стабилност“, рече портпаролката.

„Мирниот и стабилен индопацифички регион е во интерес на Австралија, Тајван и другите земји“.

Во меѓувреме, на страниците на Глобал тајмс, кинеските државни медиуми продолжија да зборуваат остро.

„Повторното обединување е една од најважните национални цели на Народна Република Кина од нејзиното основање во 1949 година. Повторното обединување со примена на сила отсекогаш било една од опциите“, напиша еден од главните уредници на весникот, Динг Ганг, во една таква статија во средата.

„Кина е исто така добро подготвена за (каква и да е) воена поддршка што САД ќе им ја дадат на тајванските сецесионисти. Кина никогаш нема да се откаже од опцијата за повторно обединување со сила само затоа што САД ќе помогнат во одбраната на Тајван“.

Тој рече дека надежите за мирно „повторно обединување“ „се намалуваат“.

„Во такви околности, проблемот за копнениот дел повеќе не е во изборот помеѓу воени акции или мирни решенија. Она што може да го направи е да се подготви за повторно обединување со сила“.

Тој рече дека САД се „осудени да се вовлечат во опасна бездна без преседан “.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе