Кинеските деца се вратија на училиште со „капи за социјално дистанцирање“ (ФОТО)

Учениците во основното образование во кинескиот мегаполис Хангжу се вратија на училиште, со невообичаен додаток на нивната стандардна униформа: картонска капа со крила која ги потсетува дека треба да држат растојание едни од други.

Најдолгиот зимски одмор за основците во Хангжу заврши неделава, а едно од училиштата во градот, основното училиште Јангженг, на своите ученици веднаш им дало задача – самите да направат „метарски капи“, за да ги потсетуваат дечињата дека треба да останат на еден метар оддалеченост во секое време.

Според локалните медиуми, учениците може да ги тргнат капите само за време на оброците. Кога ја напуштаат училницата, дечињата мора да излезат странично, за да не ги скршат крилата.

Покрај ова, учениците секој ден добиваат заштитни маски, и при пристигнувањето во училиштето им се мери температурата.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе