Кинескиот здравствен лидер ги прифати критиките за одговорот на коронавирусот

Директорот на кинескиот центар за контрола и превенција на зарази рече денеска дека јавните критики за управувањето со појавата на коронавирусот се разбирливи, но го бранеше одговорот на Пекинг на кризата.

Фото: ЕПА

„Со толку голема епидемија во Кина и во светот, нормално е да се добијат критики од јавноста“, рече Гао Фу на маргините на годишната седница на кинеското Национално собрание, пренесе Ројтерс.

„Ги прифаќаме со понизност“, додаде тој.

Земјите како САД и Австралија го критикуваа Пекинг за нетранспарентност во раните денови на пандемијата. Кина ги нарече обвинувањата апсурдни.

Гао рече дека Центарот за контрола на зарази треба да ги подобри своите механизми за известување на епидемии, но оцени дека и покрај слабостите кои агенцијата ги покажа во раните денови на епидемијата, одговорот на Кина бил „добар“ во споредба со другите земји.

Тој исто така истакна дека кинеските научници сè уште не успеваат да утврдат како вирусот поминал на луѓето, додавајќи дека се надева дека „јавноста ќе им даде на научниците уште време да го разберат вирусот“.

Гао оцени дека трката на државите за развој на вакцини е „позитивна“.

„Кина преговара со различни земји за соработка во истражување и развој на вакцини“, додаде тој.

Кина од март бележи остар пад на локалните зарази. Бројот на потврдени случаи во земјата досега изнесува 82.971, со 4.634 смртни случаи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе