Кинескиот претседател во тридневна посета на Грција, се подготвува за поголеми ивестиции (ВИДЕО)

Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна вчера во Атина со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во време кога Кина се подготвува за поголеми вложувања во таа земја.

„Не станува збор само за соработка на две земји и соработка меѓу две култури“, кажа Си по средбата. Ова е прва посета на кинески претседател на Грција во последните 11 години, јавува кинеската државна агенција Синхуа.

„Наша должност е да ја подобриме соработката во сите сектори“ и да учиме „од големата мудрост на древните цивилизации“, напиша кинескиот претседател во колумна за грчкот весник Катимерини.

Тој на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис потпиша неколку договори во секторите на трговијата, енергетиката и финансиите.

Грчката влада минатио месец ѝ даде на компанијата Коско зелено светло за надградбата на пристаниште во вредност од 670 милиони долари. Кина веќе вложи над 880 милиони долари во тој проект кој е клучен за трансконтиненталната иницијатива „Појас и пат“, познат како Новиот пат на свилата.

Тридневната посета на кинескиот претседател на Грција се одвива во време на растечка загриженост на Брисел за кинеското влијание во Европа.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе