„Само социјализмот може да ја спаси Кина“

Кинескиот претседател: Странските сили кои сакаат да нè потиснат ќе удрат крваво во челичен ѕид (ВИДЕО)

„Кинескиот народ никогаш нема да им дозволи на странските сили да го потиснат или малтретираат“, кажа претседателот Си Џинпинг по повод прославата на стогодишнината на кинеската Комунистичка партија на плоштадот Тјенанмен, поздравувајќи го „новиот свет“ кој го создаде неговиот народ.

EPA-EFE

„Секој кој ќе се осмели да го проба тоа, крваво ќе удри во челичниот ѕид кој го исковаа над 1,4 милијарди Кинези“, кажа тој, предизвикувајќи аплауз од насобраните на плоштадот во Пекинг.

Во едночасовното обраќање од плоштадот Си се обврза да ја изгради кинеската војска, посветен е на „повторното обединување“ на Тајван, и кажа дека во Хонг Конг ќе биде обезбедена стабилност, а истовремено ќе се заштитат кинеската сигурност и суверенитет.

„Кинескиот народ не е добар само во уништувањето на стариот свет туку создаде и нов свет“, кажа Си, најмоќниот кинески лидер од Мао Це Тунг, основачот на Народната Република. „Само социјализмот може да ја спаси Кина“.

Партијата и Си се успешни, а Кина сè побрзо заздравува од пандемијата на ковид-19 и зазема сè порешителен став на глобалната сцена.

Но, Пекинг се соочува со надворешни критики за сузбивањето на отпорот во Хонг Конг и постапувањето со етничките малцинства во Синџијанг, а се соочува со влошени демографски изгледи кои го попречуваат долгорочниот економски раст.

„Кина, чија мрза воена модернизација поттикна растечка загриженост меѓу соседите и на Западот, ќе ги изгради оружените сили за да ги заштити својот суверенитет, безбедноста и развојот, кревајќи ги кон стандардите на светската класа“, кажа Си.

„Мораме да ја забрзаме модернизацијата на националната одбрана и оружените сили, кажа Си, кој е и претседател на Централната воена комисија, која ги контролира оружените сили на земјата.

„Решавањето на тајванското прашање и сфаќањето на целосното повторно обединување на Кина се непоколеблива историска задача на партијата“, кажа Си.

Си во врска со Хонг Конг и Макао кажа дека Кина ќе остане верна на принципот „Една земја, два системи“, според кој на двете им се гарантира висок степен на автономија.

Си својот говор го заврши со два громогласни извици: „Да живее КПК која е сјајна, славна и исправена“ и „Да живеат луѓето кои се сјајни, славни и херојски“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе