Кинескиот претседател Си Џинпинг за првпат како шеф на државата го посети Тибет

Кинескиот претседател Си Џинпинг го посети автономниот регион Тибет од 21 до 22 јули за првпат како шеф на државата, јави државната кинеска новинска агенција Синхуа.

EPA-EFE

Си во средата пристигна во градот Нјингчи и утредента отиде во главниот град на Тибет Ласа долж делницата на жичарата која се гради за да го поврзе планинскиот пограничен регион со провинцијата Сечуан.

Во Ласа Си посети манастир и плоштадот на палатата Потала и се запозна со тибетската религија и заштитата на културното наследство, објави Синхуа.

Палатата е традиционалниот дом на духовниот лидер на тибетскиот будизам, Далај Лама, кој е во емиграција, а Пекинг го смета за опасен сепаратист.

Се смета дека Тибет на кинеската граница со Индија е од пресудна стратегиска важност за Пекинг. Минатата година Кина и Индија го имаа најсериозниот конфликт во последните неколку децении на спорната граница на Хималаите.

Пекинг во 1950 година испрати трупи кои го заземаа Тибет, што кинеската официјална политика го нарекува мирно ослободување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе