На 19-тиот конгрес на Комунистичката партија на Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека Кина „се издигна, стана богата и моќна“

Воедно најави дека војската на Кина до средината на овој век ќе биде „на највисоко светско ниво".

Си испрати важни пораки до кинескиот народ и зборуваше за правецот во кој ќе оди Кина во наредните децении. Тој процени дека „социјализмот со кинески карактеристики зачекори во нова ера“.

„Ќе биде ера во која ќе обезбедиме убедлива победа во изградбата на умерено напредно општество во сите сфери и со сеопфатни напори да изградиме голема модерна социјалистичка земја. Ова исто така ќе биде ера во која ќе се види дека Кина се приближува до лидерската позиција во светот. Кина се издигна, стана богата и моќна“, рече Си.

Претседателот на Кина рече дека „потребите на луѓето да живеат подобро се поголеми не само во поглед на материјалните и културните потреби“. „ Расте и барањето за демократија, владеење на правото, еднаквост и правда, безбедност и подобра животна средина“, рече Си, лидерот на кинеските комунисти и претседател на најнаселената земја на светот.

Си во својот говор на конгресот најави „целосна реформа на армијата на највисоко светско ниво до средината на 21 век“. Тој наведе дека „земајќи ја предвид меѓународната и домашната ситуација, периодот од 2020 до средината на овој век вклучува две фази“.

„Во првата фаза, од 2020-2035 година, врз основа на сеопфатна изградба на богато општество, ќе спроведеме социјалистичка модернизација. Во втората фаза, од 2035 до средината на овој век, врз основа на социјалистичката модернизација, Кина ќе стане моќна, демократска, цивилизирана, хармонична, убава и модерна социјалистичка држава“, рече Си.

Кинескиот претседател истакна дека ККП придонесот кон човештвото постојано го смета за своја обврска и Кина инсистира на мировен развој и отвореност кон светот, активно учествува во глобалната администрација и реформата на меѓународниот управен систем.

Во главниот град на Кина денес започна „историскиот“ 19-ти Конгрес на Комунистичката партија, а Си го отвори со говор во врска со она што е направено во претходните пет години и планови за следните децении.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе