Кинескиот претседател им порача на ОН: Не ни требаат вашите прозивања

Кинескиот претседател Си Џинпинг одржа говор во Обединетите нации и ја бранеше својата земја во врска со човековите права, кажувајќи дека нема потреба за прозивања. Тој своите забелешки ги кажа за време на конференцијата со високата комесарка на Обединетите нации за човекови права Мишел Бачалет.

EPA-EFE

Бачелет во понеделникот стигна во Кина во шестдневна посета и се очекува да го посети западниот регион Синџијанг, во кој кинеската влада се соочува со обвинувања за масовно малтретирање, присилна асимилација, присилна работа и присилна стерилизација против муслиманските малцинства.

„Кога станува збор за човековите права, ниедна земја не е совршена, нема потреба „проповедници“ да глумат шефови во други земји, а уште помалку треба тоа прашање да се политизира, да се практикуваат двојни стандарди или да се користи како изговор за мешање во внатрешните работи на други земји“, кажа Си.

Се очекува Бачелет да ги посети градовите Кашгар и Урумки во Синџијанг, соопшти кинеското министерство за надворешни работи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе