Кинескиот министер за надворешни работи: Пекинг и Вашингтон се на раб на нова Студена војна

Кина и САД се на „раб на нова Студена војна", предупреди денес кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, изразувајќи жал за новите тензии со Вашингтон поради епидемијата на ковид-19.

Фото: ЕПА

Првите заболени со новиот коронавирус се забележани кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, а оттогаш низ целиот свет од ковид-19 починале над 340.000 луѓе.

Во последните неколку недели американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати ги обвини кинеските власти дека предоцна објавиле клучни информации за сериозноста на ситуацијата со новиот коронавирус, чие ширење можело да се ограничи.

„Покрај уништувањето што се шири заради вирусот, во Соединетите Држави се шири и политички вирус“, рече шефот на кинеската дипломатија, без да го именува директно американскиот претседател.

„Овој политички вирус е секоја можност да се искористи да се нападне и клевети Кина“, рече Ванг.

„Некои политичари комплетно ги занемарија основните факти и измислија премногу лаги што ја таргетираат Кина, и коваа премногу заговори“, додаде тој.

Трамп исто така ја објави можноста да побара компензација од Пекинг во износ од неколку милијарди долари поради уништената економија предизвикана од пандемијата, и повика на меѓународна истрага за потеклото на вирусот.

Според Ванг, Кина е подготвена за меѓународна соработка да се испита од каде потекнува коронавирусот, но oние што сакаат да ја натераат Кина да плати компензација за појавата на коронавирусот „сонуваат“ порача Ванг Ји.

САД и Кина веќе две години водат трговска војна, но пандемијата на вирусот САРС-КоВ-2 доведе до кулминација.

„Одредени политички сили за заложник ги земаа односите меѓу Кина и САД и со кризата околу новиот коронавирус ги туркаат двете земји на раб на нова Студена војна“, рече Ванг Ји.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе