Кинески експерт дошол да ѝ помогне на Италија, вџашен е: „Како тоа се однесувате?“ (ВИДЕО)

Вториот човек на кинескиот Црвен крст пристигнал во Ломбардија за да им помогне на тамошните власти и лекари во борбата против коронавирусот.

Сун Шуопенг одржа конференција за медиумите на која жестоко го критикуваше однесувањето на Италијанците.

„Не знам што вие мислите, како тоа се однесувате?“, кажа тој на прес-конференцијата.

„Ситуацијата сега во Ломбардија е како што беше во Вухан пред два месеци“, кажа тој. „Еден месец по воведувањето на карантинот, во Вухан забележавме тренд на намалување на бројот на заразените“, додаде.

„Тука во Милано, местото најпогодено од епидемијата, нема строг карантин – јавниот превоз функционира, луѓето се шетаат наоколу, се забавуваат на вечери и забави и во хотелите, не носат маски“, кажа Шуопенг.

„Сите мора да бидеме поодговорни“, предупреди кинескиот експерт.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе