Кинески дипломат пристигна во Москва, веднаш ставен во карантин

Руските власти од претпазливост поради епидемијата со коронавирусот ставиле во карантин кинески дипломат, објави новинската агенција Интерфакс.

Генералниот конзул Куи Шаочен во четвртокот пристигнал во Екатеринбург, град во подножјето на Урал, за да ја преземе новата функција, но му е речено дека е потребно две недели да биде во резиденцијата и во карантин, изјави официјален претставник на руското Министерство за надворешни работи.

Кинескиот конзулат во Екатеринбург не одговори на повиците во понеделникот, пишува Ројтерс.

Русија пријави два случаи на инфекција со коронавирус и изолираше стотици руски и кинески државјани кои неодамна пристигнале од Кина за да ги тестира за вирусот.

Речиси 150 луѓе биле евакуирани од жариштето на вирусот, кинескиот град Вухан, и сместени во рекреативен центар во Сибир и близу местото каде што се лекува едно од заразените лица.

Повеќе од 100 кинески државјани се ставени во карантин во Екатеринбург или во соседниот град.

Вкупниот број на смртни случаи од епидемијата е повеќе од 900, но само два смртни случаи се случиле надвор од Кина.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе