Филипини

Кинески Боинг 737 се сруши на аеродром во Манила (ФОТО)

Кинески Боинг на компанијата Ксиамен ерлајнс се сруши на аеродром во Манила, Филипини, јави Ерлајф.

Авион што летал од Ксиамен, Кина, кружел околу Манила околу еден час пред принудно да слета. Во вториот обид за слетување, Боинг 737-800  се лизнал од пистата што предизвикало едниот од моторите на авионот да се одвои од крилото, објави кинеската новинска агенција ЦТГН.

На фотографијата објавена на интернет се гледа авион накосен на пистата.

Сите 157 патници и осум членови на екипажот безбедно се евакуирани без повреди.

Несреќата при слетувањето се случила за време на известувања за поплави во Манила, а Групата за воздухопловна безбедност објави дека инцидентот се случил за време на силни грмотевици.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе