Од комунистичката партија исфрлен во јули

Кинески бизнисмен кој го критикуваше Џинпинг осуден на 18 години затвор поради корупција

Поранешниот директор на кинеската државна компанија за управување со недвижнини кој јавно го критикуваше постапувањето на претседателот на Кина Си Џинпинг со пандемијата на коронавирусот, е осуден денес на 18 години затвор поради корупција, соопшти кинеската влада.

EPA-EFE

Рен Џикјанг, кој стана познат по тоа што зборуваше за цензурата и други чувствителни теми, исчезна од јавноста во март откако на инернет објави есеј со кој го обвини Си за неправилно постапување со епидемијата која почна во декември минатата година во централниот град Вухан.

69-годишниот Рен е осуден за корупција, земање мито, проневера и злоупотреба на позицијата, објави судот во Пекинг.

Поранешниот директор на компанијата Хуајуан недвижнини и заменик партиски секретар беше исфрлен од владејачката Комунистичка партија на Кина во јули.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе