Кинеската војска испраќа војници во Русија на заедничка вежба

Кинески војници ќе отпатуваат во Русија за да учествуваат во заедничка воена вежба со Русија и други земји, вклучувајќи ги Индија, Белорусија и Таџикистан, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

„Учеството на Кина во заедничките вежби не е поврзано со актуелната меѓународна и регионална ситуација“, се вели во соопштението на Министерството.

Вежбите се дел од билатералниот годишен договор за соработка, се вели во него. Слични воени вежби предводени од Русија во кои учествуваше Кина беа одржани во последниве години.

„Целта е да се продлабочи практичната и пријателска соработка со армиите на земјите учеснички, да се подобри нивото на стратегиска соработка меѓу учесниците и да се зајакне способноста за одговор на различни безбедносни закани“, се вели во соопштението.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе