Хонг Конг

Кинеската влада до демонстрантите: „Не играјте си со оган“

Кина денес ги предупреди демонстранти од Хонг Конг дека „оние кои си играат со оган ќе загинат од тоа“, еден ден по најраспространетите немири во двомесечната криза.

Во досега најострото предупредување на Пекинг до демонстрантите се вели да не „ја потценуваат силата на одговорот на владата“, нагласувајќи дека полицијата во полу-автономниот град уапсила 148 лица во врска со насилствата од понеделникот, пренесе АФП.

Портпаролот на кинескиот кабинет задолжен за Хонг Конг изјави дека само прашање на време е пред организаторите на повеќенеделните протести да бидат казнети.

Коментарите на портпаролот укажуваат дека Пекинг ќе заземе поцврст став кон протестите и дека нема намера да започне дијалог за барањата на демонстрантите за политички реформи, пренесе АП.

Тој ги повика граѓаните да ги отфрлат повиците на демонстрантите и нивниот промотивен материјал, како и да се спротивстават на прекините во сообраќајот.

Истовремено, група активисти со маски и кациги одржаа прес-конференција, прва од почетокот на двомесечните протести, и ја повикаа лидерката на Хонг Конг Кери Лам да ја врати власта на народот и да ги „реши“ нивните барања.

Тие порачаа дека немаат никаква поврзаност со ниту една политичка партија или организација и истакнаа дека целта им е да создадат платформа за граѓаните на Хонг Конг преку која ќе можат да го искажат своето незадоволство од владата и полицијата.

Активистите се обратија само еден ден откако полицијата пукаше со солзавец на демонстрантите ширум Хонг Конг. Демонстрациите започнаа заради законот за екстрадиција кој предвидува на граѓанин на Хонг Конг да може да му се суди во Кина, но подоцна прераснаа во пошироки протести против градската администрација и централната влада во Кина.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе