Чанге-5

Кинеската сонда слета на Месечината (ВИДЕО)

Кина објави дека уште една нејзина сонда успешно слета на Месечината, каде што ќе собере примероци од карпи.

Фото: ЕПА

Целта на мисијата Чанге-5 е да собере примероци од карпи и прашина од Месечината и потоа да ги донесе на Земјата.

Вулканскиот комплекс Монс Римкер во областа Океанска бура или Оцеанус Процеларум е избран за место за слетување на сондата.

Сондата во следните неколку дена треба да ја истражува својата околина и да собира материјал од површината.

Целта е да се соберат околу два килограми почва, реголит, а потоа да се испратат во вселенско летало во Месечевата орбита, што ќе ги донесе примероците на Земјата.

Ако успее, Кина ќе биде само трета земја во светот што ќе дојде до примероци од Месечината, по САД и Советскиот сојуз. Последната мисија од ваков вид, наречена Луна 24, е извршена од Русите во 1976 година.

Како дел од програмата Аполо, кога луѓето за прв пат успешно слетаа на Месечината, Соединетите Држави за време на шест летови од 1969 до 1972 година слетале таму 12 астронаути, кои на Земјата донеле 382 килограми карпи и други примероци.

Во 1970-тите, Советскиот Сојуз остварил три успешни роботски мисии. За време на последната мисија Луна 24, од Месечината се донесени 170,1 грама примероци.

Мисијата Чанге-5 може да помогне во одговарање на прашања за тоа колку долго Месечината била вулкански активна во нејзината внатрешност и кога се распрснало нејзиното магнетно поле, клучно за заштита на која било форма на живот од сончево зрачење.

Кина своето прво слетување на Месечината го реализирала во 2013 година.

Во јануари 2019 година, кинеската сонда Чанге-4 успешно слета на другата, темна страна на Месечината, што претставува голем успех за амбициозната кинеска вселенска програма, со што Кина стана првата земја што постави сонада на Месечевата страна која од Земјата никогаш не се гледа.

Во следните десет години, Кина планира да воспостави роботска база што ќе овозможи беспилотни истражувања во јужниот поларен регион.

Кинеските власти планираат да добијат примероци од Марс до 2030 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе