Посилна од кога било?

Кинеската морнарица ја прослави својата 70-годишнина со голема парада (ФОТО+ВИДЕО)

Кинеските поморски сили ја одбележаа својата 70-годишнина. И дефинитивно имаат што да прославуваат, бидејќи поморските капацитети на земјата во изминатата деценија драматично пораснаа, и сѐ уште растат.

Голема морнаричка парада се одржа во близина на крајбрежниот град Чингдао, а гости беа странски морнарички офицери и воени функционер од над 60 држави. На големиот настан кинеската воена морнарица беше претставена со 32 пловила и околу 40 морнарички авиони. Уште 20 бродови на други нации учествуваа во парадата, вклучувајќи пловила на Русија, Индија, Виетнам и Тајланд.

Кинеската морнарица, официјално позната како Морнарица на Народната ослободителна армија, беше создадена пред 70 години, на 23 април 1949. Во првите две децении од своето постоење таа беше строго крајбрежна одбранбена сила, но во 1970-тите морнарицата драматично порасна, станувајќи моќна регионална сила.

Во 21 век кинеската поморска доктрина се смени, и морнарицата сега оперира и далеку од домашните брегови проектирајќи ја силата на земјата во странство, наместо само да ги брани територијалните води. Кина продолжува обемно да инвестира во развојот на домашните бродоградилишта и проширувањето на поморската моќ. Нарачани се голем број површински и подводни пловила, а оперативната сила на морнарицата расте со импозантна брзина.

Иако активно ги јакне своите морнарички „мускули“, а и не се срами да ги покаже, Кина инсистира дека модернизацијата на флотата е со строго дефанзивна намера и за да го одржува мирот.

„Сите треба да се почитуваме еден со друг, да се однесуваме како еднакви, да воспоставиме заемна доверба, да ги зајакнеме поморските дијалог и размена, и да ја продлабочиме прагматичната соработка меѓу нациите“, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе