Кинеската армија пред Хонг Конг (ВИДЕО)

Кина носи војници на границата со Хонг Конг, каде што речиси три месеци траат повеќемилионски протести.

Колоните оклопни возила и камиони се протегаат со километри и ги блокираат автопатот и градските улици.

Официјален Пекинг тврди дека војската и другите разузнавачки единици почнале големи воени вежби, кои во никој случај не се поврзани со уличните немири.

Бизнис инсајдер објави дека кинески воени возила се собрани во Шенжен, кој се наоѓа на само 25 километри од границата со Хонг Конг, како предупредување за демонстрантите.

На социјалните мрежи се поставени видеоснимки со долги колони воени возила што влегуваат во Шенжен.

Кинеската влада го окарактеризира протестното движење во Хонг Конг како нешто што се приближува кон „тероризам“ што претставува „егзистенцијална закана“ за граѓаните на таа територија.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе