Кинеската армија им се заканува на демонстрантите (ВИДЕО)

Кинеската армија објави промотивно видео на своите војници во Хонг Конг во период кога сè уште е неизвесна нејзината интервенција во протестите во покраината.

Во еден дел од видеото се прикажани снимки наречени „вежба против немири“ во кои вооружените војници фрлаат солзавец и водени топови врз толпа цивили, од кои некои носат шлемови и маски слични на оние што ги носат демонстрантите што веќе два месеци протестираат на улиците во Хонг Конг.

Гарнизонот во Хонг Конг на Кинеската народноослободителна армија објави видео на својот официјален интернет-профил пред денешната годишнина од основањето на армијата.

Демонстрантите велат дека протестираат во Хонг Конг поради големото влијание на Кина во оваа полуавтономна кинеска територија, која има свои закони и правен систем.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе