Кинеска вакцина покажа надежни резултати во тестирањето на луѓе

Истражувачите, сепак, предупредуваат дека нивото на антитела произведени кај учесниците на возраст над 60 години е помало и му треба подолго време за да се зголеми.

Фото: ЕПА

Потенцијална вакцина против коронавирусот развиена од Кина се чини дека е безбедна и активирала имунолошка реакција во комбинација на тестови во рана и средна фаза кај луѓето, вели нова студија.

Кандидатот за вакцина против ковид-19, познат како ББИБП-Корв, го развива Институтот за биолошки производи во Пекинг, заедно со државната кинеска национална фармацевтска групација. Извештајот објавен во Лансет во четвртокот ја опишува вакцината како генерално „безбедна“ и „добро толерирана“.

Испитувањата на ББИБП-Корв врз луѓе почнаа во почетокот на јуни откако вакцината покажа моќни резултати кај мајмуните, активирајќи антитела без да предизвикува никакви компликации, велат истражувачите.

Во првите две фази од нејзиното испитување, вакцината не предизвика сериозни несакани ефекти. Според трудот објавен од „Лансет“, најчестите лесни до умерени несакани реакции вклучуваат треска и болка на местата на инјектирање.

Резултатите се од првата и втората фаза од испитувањето, спроведено помеѓу 29 април и 30 јули, со 600 здрави учесници на возраст од 18 до 80 години.

Нивото на антитела кај учесниците на возраст над 60 години, сепак, било пониско, а понекогаш требале и 42 дена за значително да се зголеми. На помладите учесници им требале просечно 28 дена да генерираат одговор на антитела.

Професорот Сијаоминг Јанг, еден од авторите на студијата, рече: „Заштитата на постарите луѓе е клучна цел на една успешна вакцина против ковид-19 бидејќи оваа возрасна група има поголем ризик од тешка форма на оваа болест. Сепак, вакцините понекогаш се помалку ефикасни кај оваа група, бидејќи имунолошкиот систем слабее со возраста. Затоа, охрабрувачки е да се види дека ББИБП-КорВ предизвикува реакции на антитела кај луѓе на возраст од 60 години и постари, и веруваме дека ова ја оправдува понатамошната истрага“.

Пред неколку дена „Џонсон и Џонсон“ ги запре испитувањата за вакцини против коронавирусот поради необјаснета болест кај еден од нејзините учесници.

ББИБП-КорВ е еден од најмалку 10-те проекти за вакцини против коронавирусот на глобално ниво што се влезени во испитувања во третата фаза, од кои четири се водени од кинески научници, според Светската здравствена организација.

Кина се фокусираше на развој на пет типа вакцини и од сите методи барем по еден влегува во клинички испитувања. Вкупно, 11 кандидати за вакцини се во различни фази на тестирање, изјави во септември Јанг Шенг, заменик-директор на бирото за регистрација на лекови на Националната администрација за медицински производи, за државниот медиум Чајна дејли.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе