Кинеска компанија планира големо тестирање на вакцина во форма на спреј за нос

Кинескиот производител на вакцини Пекинг Вонтаи планира да започне големо испитување на кандидат за вакцина против ковид-19 во форма на спреј за нос следниот месец, според записникот за регистрација на клинички испитувања.

Фото: ЕПА

Според податоците објавени во средата во кинескиот регистар на клинички испитувања, компанијата има намера да ангажира 40.000 возрасни испитаници за трета фаза од клиничкото испитување.

На возрасните би им се дале две дози од потенцијалната вакцина на Пекинг Вонтаи или плацебо, во интервал од две недели.

Во регистарот не се наведува во колку земји компанијата ќе го спроведе истражувањето, но се вели дека етичкиот комитет на Филипините ја одобрил студијата, отстранувајќи ги пречките за потенцијалното спроведување на тестирањето во таа земја, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на Пекинг Вонтаи рече дека евиденцијата за регистрација не значи дека компанијата официјално ја започнала третата фаза од клиничкото испитување.

Портпаролот рече дека компанијата чека дополнителни документи од властите, но не прецизира од кои земји.

Вакцина во спреј, како алтернатива на вообичаената инјекција во рака, може да предизвика специфични имунолошки реакции во дишните патишта со имитирање на природна инфекција со респираторен вирус.

Потенцијалната вакцина користи ослабен вирус на грип за да ги пренесе генетските информации за дел од коронавирусот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе