„Кинеската интернет зима доаѓа“

Кина започна нова кампања на чистење на интернетот, блокирани уште странски медиуми

Кина започна кампања на чистење на интернетот, објавија државните медиуми за новиот бран цензура при што се блокирани уште странски медиуми и кориснички профили на социјалните мрежи.

Чистењето го започнаа администрацијата за сајбер простор, министерството за информациска технологија, канцеларијата за јавна безбедност и регулаторот на пазарот во мај и ќе трае до крајот на годината, според државната новинска агенција Ксинхуа.

Со кампањата ќе се изложат и казнат интернет страниците поради „нелегални и криминални активности“, „неисполнување на обврската“ за почитување на безбедносните мерки или кражба на лични информации, додаде агенцијата.

Кампањата следи по низа гасења и блокирање на интернет страници и кориснички профили на социјалните мрежи.

Од минатиот викенд  медиумите како Вашингтон пост и Гардијан се недостапни и со тоа се приклучија на листата блокирани страници меѓу кои е и Ројтерс.

Кинескиот финансиски медиум (wallstreetcn.com) во понеделникот објави дека ја исклучиле својата интернет страница и мобилна апликација по барање на владата, но не е откриено кои правила ги прекршиле.

Се гасат и профили на социјалните мрежи кои објавуваат политички чувствителни материјални или финансиски вести.

Властите во ноември објавија дека изгасиле 9.800 профили кои објавувале сензационалистички, вулгарни или политички штетни содржини.

Шимин Фанг, популарен научен писател кој го привлече вниманието на јавноста во Кина со критиките кон Хуавеј технолоџис, рече дека во вторникот открил дека сите негови кинески профили на социјалните медиуми се изгасени.

Фанг, кој живее во Соединетите Американски Држави, рече дека не знаел што се случило се додека некои читатели не му кажале дека повеќе не можат да ги најдат неговите објави и дека операторите на платформата не му кажале зошто неговите профили се изгасени.

„Моја претпоставка е дека од сега на сите влијателни самостојни медиумски профили нема да им биде дозволено да постојат, без разлика дали се политички или не“, изјави Фанг за Ројтерс преку е-маил.

Терминот „самостојни медиуми“ најчесто се користи во кинеските социјални медиуми за да се опишат независни профили за вести кои произведуваат оригинална содржина, но не се официјално регистрирани кај властите.

„Кинеската интернет зима доаѓа“, рече Фанг.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе