Кина забранува изградба на многу високи облакодери

Кина во „помалите“ градови забрани изградба на многу високи облакодери. Односно, во градовите со помалку од три милиони жители ќе биде забрането да се градат згради повисоки од 150 метри.

EPA-EFE

Во градовите со поголема популација ќе може да се градат објекти до 250 метри висина, пренесува Би-би-си.

Во Кина се наоѓаат некои од највисоките облакодери во светот, меѓу кои се Шангајската кула висока 632 метри и Меѓународниот финансиски центар Пинг Ан во Шенжен од 599 метри.

Локалните извештаи наведуваат дека, иако облакодерите се практично решение во преполните градови, како Шангај и Шенжен, нема потреба од нив во помалку населените области. Кинеските власти сè повеќе ги критикуваат скапите и, како што ги нарекуваат,  „празни“ проекти, сметајќи дека всушност станува збор за суетата на локалните градежници и инвеститори.

„Живееме во време во кое луѓето само сакаат да направат нешто со што би влегле во историјата“, кажа неодамна Жанг Шангву, заменик директорот на Високата школа за архитектура и урбанизам на Универзитетот Тонгји.

Кинеското министерство за станбен и урбанистички развој и министерството за управување со итни ситуации соопштија дека градовите со помалку од три милиони жители ќе треба да бараат специјално изземање, односно дозвола, ако сакаат да градат објекти повисоки од 150 метри. Со тоа што под никој услов не можат да градат објекти повисоки од 250 метри.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе