Кина забранува испити за ученици на возраст од 6 и 7 години, воведува помалку задачи, повеќе спортување

Кина ги забранува испитите за ученици на возраст од шест и седум години, соопшти Министерството за образование.

Фото: ЕПА

Промената се воведува како дел од напорите да се спречи прекумерниот стрес кај учениците.

Според новите правила, дури и постарите возрасни групи на ученици од основните училишта треба да полагаат испити само на крајот од секоја учебна година.

Кина неодамна воведе серија правила со кои се ослободуваат учениците. Донесена е одлука учениците да имаат помалку задачи. Наместо да седат над задачи, тие треба да можат повеќе да спортуваат.

Кон крајот на јули, владата објави и реформа на приватниот образовен сектор. На институтите за образовние им е забрането да одржуваат настава за време на викендите.

Приватното образование за деца под шест години ќе биде целосно укинато.

Кинеските државни медиуми коментираат дека ова е чекор да се обезбеди поправеден образовен систем.

Досега, учениците чии родители не можеле да платат за скапи дополнителни часови биле во неповолна положба од оние што можеле.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе