Кина за протестите во Хонг Конг: „Ова се веќе знаци на тероризам“ (ФОТО+ВИДЕО)

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг денес ги откажа сите заминувачки летови поради протестите кои траат десетта недела во таа земја.

Утринава на аеродромот се собраа неколку илјади демонстранти, но нивната бројка се намалува со време и сѐ поизгледна е полициска интервенција.

„Воздушните операции на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг се сериозно нарушени поради јавните собирања во аеродромот. Освен летовите за заминување кои веќе го завршиле процесот на пријавување (чекирање), и летовите на пристигнување кои се веќе на пат кон Хонг Конг, се откажуваат сите другите летови до крајот на денот“, соопшти управата на аеродромот.

Кина во текот на протестите ја смени реториката и хонгконшките протести сега ги спореди со тероризам. Таквата промена на ставот би можела да укаже на идна посериозна реакција на Кина ако протестите продолжат.

Денес еден висок кинески функционер кажа дека протестите „почнаа да покажуваат знаци на тероризам“. Во последните години тој термин се користи во домашниот кинески контекст само за означување на акциите на исламистичките групи, особено во Синџијанг, претежно муслиманскиот северозападен дел на Кина.

Во последните недели се случи големо поместување во кинеската пропаганда при покривањето на вестите за протестите во Хонг Конг. Извештаите првично едвај ги спомнуваа, но сега за нив се пишува сѐ почесто и се истакнува насилната страна на протестите. Кинеските власти притоа преку државните медиуми се трудат да ги претстават демонстрантите како сепаратисти под контрола на Соединетите Американски Држави.

Претпоставката дека демонстрантите вршат терористички дела би можела на Пекинг да му ја отвори вратата за интервенција во Хонг Конг, или со команда до локалната полиција да ја засили употребата на сила или со поставување на Народноослободителната војска (ПЛА).

Војската може да биде распоредена во Хонг Конг ако тоа го побараат локалните власти, како помош при воведувањето на јавниот ред. Но засега локалните власти не побарале таков тип интервенција.

Кинеските државни медиуми известуваат за вежбите во соседниот град на Хонг Конг, Шенжен, кои ги спроведува Народната оружена полиција, паравоена група под директна команда на Централната воена комисија, на чело со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Станува збор за координирана воена пропаганда, односно јасна порака дека Кина може во секој момент да ја испрати војската или пак оружената полиција ако протестите во Хонг Конг излезат од контрола.

Сѐ понасилните протести го турнаа Хонг Конг во најсериозната криза во изминатите децении и претставуваат еден од најголемите предизвици за кинескиот претседател Си Џинпинг од доаѓањето на власт во 2012.

Протестите почнаа на 9 јуни против предлог законот за екстрадиција во Кина, кој во меѓувреме беше повлечен, но протестите продолжија против полициската бруталност и употребата на сила.

Хонг Конг се врати по кинеска власт во 1997 и ќе го задржи одвоениот правен систем до 2047 година врз основа на принципот „една земја, два системи“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе