Кина возвраќа: Санкции против повеќе американски компании за продавање оружје на Тајван

Кина реши да воведе санкции на повеќе американски компании поради нивното учество во продажбата на оружје на Тајван.

EPA-EFE

Џао Лиџијан, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, денес објави дека се воведуваат санкции и дека меѓу компаниите се Локид Мартин, Боинг и Рајтеон, како и одредени поединци.

Тој не кажа што опфаќаат наведените санкциии.

Истовремено портпаролот на Боинг за Ројтерс кажа дека партнерството на таа компанија со кинеската авио-заедница подразбира долгорочна обострана корист и дека Боинг останува посветен на тоа партнерство.

Минатата недела официјален Вашингтон одобри продажба на оружје вредно 1,8 милијарди долари на Тајван, и покрај предупредувањата на владата во Пекинг дека тоа ќе им нанесе голема штета на односите на двете економски најмоќни земји во светот.

Официјален Вашингтон во 1980-тите вети дека ќе ја намали и постепено ќе ја прекине продажбата на оружје на Тајван, но инсистира на тоа дека спорот со Пекинг мора да биде решен по мирен пат.

„За да ги зачува националните интереси Кина реши да им воведе санкции на американските компании кои се вклучени во продажбата на оружјето на Тајван“, кажа Џао на конференција за новинарите.

Односите меѓу Кина и САД паднаа на најниско ниво во последните неколку децении со спорови околу безбедноста, технологијата, пандемијата на коронавирусот и човековите права, пренесува Асошиејтед прес.

Тајван е долго време спорна точка во односите на двете сили. Вашингтон нема официјална врска со владата на Тајван, но е нејзин главен сојузник.

Продажбата на оружје на островот во последно време е засилена и во квантитет и квалитет. Кинескиот портпарол побара од Вашингтон да ја прекине продажбата на оружје на Тајван и да сопре каква било воена интеракција со територијата што ја смета за своја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе