Кина во живо ја пренесува изградбата на болницата која треба да биде готова за неколку дена (ВИДЕО)

Во градот Вухан во Кина, жариштето на епидемијата на коронавирусот забрзано се градат две болници за лекување на заразените. Роковите се пет до десет дена за едната, и две недели за втората болница.

Изградбата на болницата со 1.300 кревети би требало да биде завршена за половина месец, јавува Ројтерс. Од кинеските градилишта се објавени и забрзани снимки од изградбата на првата привремена болница која почна да се гради во петокот и за која крајниот рок е 3 февруари.

Камионите, багерите и работниците итаат по градилиштето, а изградбата во живо се пренесува на националната телевизија. Болницата се гради по принципот на медицинскиот центар во Пекинг кој беше изграден за само седум дена поради вирусот САРС во 2003 година.

Називите на двете нови болници кои треба да примат 2.000 заразени лица со коронавирусот се инспирирани од кинеската митологија. Првиот објект ќе го носи името на богот на огнот, бидејќи се верува дека огнот може да мус е спротивстави на златото, едниот од петте елементи во кинеската медицина кој ги претставува белите дробови, имајќи предвид дека коронавирусот претежно го напаѓа респираторниот систем. Втората ќе го носи името на богот на грмотевицаат бидејќи Кинезите веруваат дека тој го казнува богот на злото.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе